речник контакт

Мали поуки за животот: II дел

Како да живеете среќен и плoдоносен живот...

Зоран Николов

1. Кога започнуваш нешто ново, немој да се грижиш затоа што немаш доволно пари. Финансиското ограничување е благослов, а не проклетство. Тоа е најдобар мотив да сториш нешто големо. [br] [br] 2. Плаќај ги сите сметки на време. [br] [br] 3. Секогаш чувај батериска лампа под кревет или во автомобилот. [br] [br] 4. Кога играш со децата, дозволи им да те победат. [br] [br] 5. Запознај се со некој добар адвокат, добар сметководител и добар водоводџија. [br] [br] 6. Стреми се кон најдоброто, а не кој совршеното. [br] [br] 7. Застани да ги помирисаш розите. [br] [br] 8. Моли се за да добиеш мудрост и храброст, а не материјални добра. [br] [br] 9. Биди цврст во умот и мек во срцето. [br] [br] 10. Секогаш врзи го сигурносниот ремен. [br] [br] 11. Редовно оди на систематски преглед кај лекарот и забарот. [br] [br] 12. Одржувај ги уредни работната соба и масата. [br] [br] 13. На подлг пат тргни со вечерен воз и преноќи во вагон за спиење. [br] [br] 14. Доаѓај секогаш на време и тоа барај го од другите. [br] [br] 15. Не губи време одговарајќи им на оние кои те критикуваат. [br] [br] 16. Одбегнувај ги негативните луѓе. [br] [br] 17. Немој да штедиш пари за да им оставиш на децата. [br] [br] 18. Немој на луѓето да им кажуваш како треба нешто да се направи. Наместо тоа, кажи им што треба да се направи. Често ќе бидеш пријатно изненаден од нивните интересни решенија. [br] [br] 19. Биди оригинален. [br] [br] 20. Биди уреден. [br] [br] 21. Никогаш немој да се откажуваш од она што навистина го сакаш. Оној кој го сонува големиот сон е многу помоќен од оној кој има само големи факти. [br] [br] 22. На ниту еден политичар не му верувај потполно. [br] [br] 23. Секогаш биди пољубезен и подобар од она што се бара. [br] [br] 24. Кога твоите деца ќе наполнат 16 години, охрабри ги да најдат некоја работа со половина работно време. [br] [br] 25. Секогаш дај им на луѓето втора можност, но не и трета. [br] [br] 26. Внимателно прочитај го сето она што треба да го потпишеш. Запомни дека добрите работи за тебе секогаш се напишани со крупни букви, а лошите со ситни. [br] [br] 27. Никогаш не преземај нешто кога си лут. [br] [br] 28. Научи да го препознаваш она што е неважно, а потоа не размислувај за тоа. [br] [br] 29. Биди ѝ најдобар пријател на твојата сопруга. [br] [br] 30. Стекни кондиција и одржувај ја. [br] [br] 31. Употребувај го својот ум и тело и не дозволувај да ’рѓосаш. [br] [br] 32. Секогаш бори се против предрасудите и дискриминацијата. [br] [br] 33. Секогаш очекувај многу. [br] [br] 34. Биди романтичен. [br] [br] 35. Биди јасен за она што се заложуваш и за она на коешто се спротиставуваш. [br] [br] 36. Никогаш не давај отказ пред да најдеш нова работа. [br] [br] 37. Никогаш н его критикувај оној којшто те плаќа. Ако не си задоволен со својата работа, поднеси отказ. [br] [br] 38. Биди бескрајно љубопитен. Често прашувај „Зошто?“ [br] [br] 39. Луѓето цени ги по големината на нивните срца, а не по големината на нивните сметки во банката. [br] [br] 40. Биди најпозитивниот и најоптимистичкиот човек што го знаеш. [br] [br] 41. Научи да ги поправаш чешмата и тоалетот во бањата. [br] [br] 42. Секогаш кога влегуваш некаде биди исправен и сигурен. [br] [br] 43. Немој да се грижиш ако на твоите деца не можеш да им го дадеш најдоброто од сѐ. Дај им го најдоброто од себе. [br] [br] 44. Јади помалку сол. [br] [br] 45. Јади помалку црвено месо. [br] [br] 46. За местото во кое живееш суди според однесувањето на твоите соседи. [br] [br] 47. Твојот нов сосед изненади го со твоето омилено јадење и дај му го рецептот. [br] [br] 48. Не заборавај дека најголемата човекова емотивна потреба е да се чувствува дека е ценет. [br] [br] 49. Не биди гневен на никого. [br] [br] 50. Почитувај ги сите живи суштества. [br] [br] 51. Одбери работа која е во склад со твојот систем на вредности. [br] [br] 52. Опушти се. Смири се. Во животот многу се ретки ситуациите кога се работи за живот или смрт. Сето останато ниту оддалеку не е толку важно колку што изгледа на почетокот. [br] [br] 53. На работното место дај сѐ од себе. Тоа е една од најдобрите инвестиции за во иднина. [br] [br] 54. Реализирај ја донесената одлука. [br] [br] 55. Усовршувај се во текот на целиот живот. [br] [br] 56. Однеси го твојот пес во центарот за дресирање. И двајцата ќе научите многу. [br] [br] 57. не дозволувај ѕвонењето на телефонот да те вознемири во важни моменти. Телефонот треба да ти служи тебе, а не на оние кои ти се јавуваат.[br] [br] 58. Не губи време жалејќи за грешките од минатото. Извлечи поука и продолжи понатаму. [br] [br] 59. Кога ќе добиеш комплимент, единствено нешто што треба искрено да кажеш е: „Благодарам“. [br] [br] 60. Никогаш не зборувај за работата додека се возиш во лифт. И лифтовите имаат уши. [br] [br] 61. Научи да губиш. [br] [br] 62. Научи да добиваш. [br] [br] 63. Никогаш немој да одиш да купуваш храна кога си многу гладен. Ќе купиш ј она што не ти треба. [br] [br] 64. Не го губи времето да разбереш кој е во право, туку што е во право. 65. Не труди се да бидеш најдобар во неважни работи. [br] [br] 66. Два пати размисли пред да го оптовариш пријателот со некоја твоја тајна. [br] [br] 67. Кога некого го фалиш, стори го тоа пред сите. [br] [br] 68. Кога некого го критикуваш, стори го тоа во четири очи. [br] [br] 69. Никогаш никому не му вели дека изгледа лошо или загрижено. [br] [br] 70. Кога некој ќе те прегрне, не бегај прв од прегратката. [br] [br] 71. Воздржи се да даваш совети во врска со нечиј брак, финансии или фризура. [br] [br] 72. Имај манири кои служат за пример. [br] [br] 73. Никогаш не плаќај за услугата пред да биде завршена. [br] [br] 74. Исполнувај ги ветувањата. [br] [br] 75. Објасни им ја на твоите деца вредноста на парите и значењето на штедењето. [br] [br] 76. Биди спремен да изгубиш една битка за да ја добиеш војната. [br] [br] 77. Сети се дека првиот впечаток често лаже. [br] [br] 78. Секогаш барај го доброто кај луѓето. [br] [br] 79. Секој ден пиј осум чаши вода. [br] [br] 80. Почитувај ја традицијата. [br] [br] 81. Биди претпазлив кога им позајмуваш пари на пријателите. Можеш да ги изгубиш и двајцата. [br] [br] 82. Никогаш не го сечи јазолот што може да се одврзе. [br] [br] 83. Почитувај го туѓото време. Секогаш јави се по телефон ако знаеш дека ќе задоцниш повеќе од десет минути. [br] [br] 84. Вработувај луѓе кои се попаметни од тебе. [br] [br] 85. Научи да се смееш и кога не ти е до смеење. [br] [br] 86. Биди скромен. Многу нешта се измислени пред ти да се родиш. [br] [br] 87. Научи дека едноставните работи се најдобри. [br] [br] 88. Никогаш немој да бараш деловен совет од адвокат или сметководител. Тие се школувани да ги бараат проблемите, а не да ги решаваат. [br] [br] 89. Немој да озборуваш. [br] [br] 90. Немој да дискутираш за плати. [br] [br] 91. Немој постојано да приговараш за сѐ и сешто. [br] [br] 92. Немој да се коцкаш. [br] [br] 93. Бегај од луѓето кои немаат што да изгубат. [br] [br] 94. Ако сакаш да успееш преку ноќ, треба да работиш петнаесет години преку ден. [br] [br] 95. Оставај ги нештата зад себе во подобра од претходната. [br] [br] 96. Не очекувај парите да ти донесат среќа. [br] [br] 97. Без оглед колку ситуацијата е тешка и судбинска, остани ладнокрвен. [br] [br] 98. Кога плаќаш во готово, барај да ти дадат попуст. [br] [br] 99. Никогаш не употребувај чепкалки за заби на јавно место. [br] [br] 100. Никогаш не ја потценувај твојата моќ да се промениш самиот себе. Никогаш не ја преценувај твојата моќ да ги промениш другите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »